Фото: Пиксабеј

Кинескиот премиер Ли Ќијанг денеска предложи создавање меѓународна организација за соработка во областа на вештачката интелигенција (ВИ).

Говорејќи на отворањето на годишната Меѓународна конференција за ВИ во Шангај, Ли истакна дека технологијата станува нов двигател на економскиот раст, но предупреди дека развојот е разединет и недоволно координиран.

– Потребна ни е глобално прифатена рамка за развој и безбедност на вештачката интелигенција – рече Ли, посочувајќи дека сегашниот развој е фрагментиран и ограничен од недостиг на чипови и експертиза.

Конференцијата се одржува во време на сè поизразена технолошка конкуренција меѓу Кина и САД, а ВИ станува стратешко поле на глобално надмудрување. САД веќе воведоа ограничувања за извоз на напредни технологии и чипови во Кина поради загриженост за нивна можна воена употреба.

И покрај санкциите, Кина продолжува да бележи напредок на пазарот на ВИ. Ли повика на поголема транспарентност, координирани иновации и надминување на бариерите во глобалната соработка.