Фото: ЦУК / Илустрација

Гори мешана шума бор, сува трева на подрачјето на село Длабочица во општина Старо Нагоричане, информираа денеска од Tериторијалната противпожарна единица од општината и од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

На терен сè уште се екипи од ТППЕ Старо Нагоричане, како и од кумановската подружница на „Национални Шуми“.

-Пожарот избувна после 13 часот. На терен бевме осум пожарникари и две противпожарни возила, на помош дојдоа колегите од ТППЕ од Ранковце со две противпожарни возила и четворица пожарникари и вработени од „Национални Шуми“. Дежураме и гасневме осум пожарникари и сè уште работиме. Утринава пак продолживме, тука се и екипи од кумановската подружница на национални шуми – изјави командирот на ТППЕ Старо Нагоричане, Далибор Трајковски.

Заменик генералниот директор на „Национални шуми“, Кире Михаилов соопшти дека нивни екипи сè уште се на терен и информираше дека една нивна колешка е повредена.

– Се обидуваме со сите напори да го ставиме под контрола и подоцна да го локализираме. Станува збор мешана шума мешана борова и букова, теренот е тешко достапен за возила, екипите мора да одат пеш со грбни пумпи – изјави Михаилов.