Тоа би му донело просечна исплата од околу еден милион долари по натпревар од регуларната сезона и би била највисоката просечна плата во една сезона во историјата на НБА
КОШАРКА – НБА
Шеј Гилџес-Александер и НБА-клубот Оклахома се согласија на рекордно продолжување на договорот за четири години за 285 милиони долари, што би претставувало највисока просечна плата во една сезона во историјата на НБА-лигата, според повеќе извештаи, пишува НБА. Гилџес-Александар не само што ја предводеше Оклахома до шампионската титула и до најдобриот резултат во лигата туку ги освои и повеќето големи индивидуални награди, за најкорисен играч (МВП) во регуларната сезона и во финалето на НБА, како и титулата за најдобар стрелец. Продолжувањето на договорот не беше неочекувано. Беше прашање на време, можеше да склучи договор со уште поголема вкупна вредност следното лето, пишува НБА.
Врз основа на најновите проекции за ограничување на платите во НБА, точните бројки нема да бидат финализирани до јуни 2027 година, а Гилџес-Александер би заработил некаде околу 63 милиони долари во првата сезона и речиси 79 милиони долари во текот на сезоната 2030/2031. Тоа би му донело просечна исплата од околу еден милион долари по натпревар од регуларната сезона и би била највисоката просечна плата во една сезона во историјата на НБА-лигата, пишува НБА.
Гилџес-Александер не влезе во лигата со очекувања за суперѕвезда. Тој беше 11-ти избор на драфтот во 2018 и беше продаден од Лос Анџелес клиперс во Оклахома по неговата дебитантска година. Оттогаш е во нагорна траекторија, а генералниот менаџер на Оклахома, Сем Прести, верува дека тоа ќе продолжи, пишува НБА. Тој го нарече Гилџес-Александар „кошаркарски уметник“, затоа што има емоционална интелигенција и знае кога да ги искористи своите различни дарби.
Оклахома е подготвена да биде конкурентна со години. Нивниот најдобар играч има долгорочен договор, сите нивни главни играчи се под договор барем до следната сезона, а Прести има мноштво права на избор на т.н. драфт зачувани од претходните размени, пишува НБА.
– Дефинитивно уште имаме простор за раст. Тоа е забавниот дел од ова. Многумина од нас уште можат да се подобрат. Нема многу од нас во тимот што се „на својот врв“ или дури блиску до него – рече Гилџес-Александер по победата во седмиот натпревар над Индијана, пишува НБА. Г.И.