St. Peter's Basilica
Фото: ЕПА

Телото на папата Франциск утре изутрина би можело да биде преместено во базиликата Свети Петар за верниците да можат да му оддадат почит – најави портпаролот на Ватикан Матео Бруни.

На првиот состанок на конгрегацијата на кардиналите беше одлучено погребот на папата да се изврши во сабота, а по последната желба на понтифот тој ќе биде погребан во папската базилика  Санта Марија Маџоре, на ридот Есквилин, околу еден километар оддалечен од Колосеумот.

Папата Франциск почина вчера на 88-годишна возраст.

АНСА, повикувајќи се на добро упатени извори, јави дека причина за смртта може да биде церебрално крварење, а не респираторните проблеми што ги имал во последните недели.