Најпрестижните филмски награди во Азија беа доделени во неделата навечер, на церемонија во блескавиот центар „Ксику“ во Хонгконг
Се одржаа азиските филмски награди
Прекрасната драма на индискиот филмски режисер Пајал Кападиа, „Сè што замислуваме како светлина“, си замина дома со наградата за најдобар филм во неделата навечер, на 18-те азиски филмски награди. Тоа беше последната станица на филмот на десетмесечното патување во сезоната на фестивали и награди што започна минатиот мај кога освои гран при на „Канскиот филмски фестивал“.
Освен ова блескаво признание, овој филм на режисерот Кападиа заработи уште и многубројни награди и номинации низ целиот свет, од „Бафта“ и Независните британски награди, преку интернационалните награди во Чикаго, Денвер и Далас, па сѐ до номинации за најдобар филм во повеќе категории за „златен глобус“. „Сè што замислуваме како светлина“ беше номиниран и на нашиот најценет филмски фестивал „Браќа Манаки“ во категоријата за „златна камера 300“, а Ранабир Дас ја доби наградата „сребрена камера 300“.
– Им благодарам многу на моите главни актери – тројца неверојатни уметници и човечки суштества. Тие се оние што го направија овој филм она што е – рече Кападиа од сцената во блескавиот центар „Ксику“ во Хонгконг, каде што се одржа церемонијата.
– Толку сум среќен што можевме да го завршиме нашето патување овде во Хонгконг, град што ми значи многу, гледајќи ги неверојатните филмови од овој град низ годините – заклучи режисерот.
Легендарниот филмски режисер и ѕвезда на боречки вештини од Хонгконг, Само Хунг, беше претседател на жирито што ги избра победниците на АФА за 2025 година, водечките панрегионални кинопризнанија во Азија.
Наградата за најдобар режисер отиде во рацете на Јапонецот Јошида Даихачи за неговата студија за атмосферски карактер, „Теки доаѓа“. Филмот беше премиерно прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Токио во ноември и беше номиниран во категориите за награди на настанот.
Шон Лау од Хонгконг го однесе трофејот за најдобар актер за неговиот апсолутен пресврт во семејната драма „Папа“ на Филип Јунг. Актерот им се заблагодари на актерите што ги глумеа членовите на неговото семејство во филмот и ѝ се заблагодари на филмската заедница на градот домаќин.
– Многу сум среќен затоа што „Папа“ е филм направен во Хонгконг – рече Лау.
Во меѓувреме, наградата за најдобра актерка ѝ беше доделена на Шахана Госвами за нејзината главна изведба во „Сантош“ во режија на Сандја Сури, која ја доби и наградата за најдобар нов режисер. Госвами ги пофали своите соработници, но ѝ се заблагодари на академијата на АФА.
– Исто така, би сакала да си се заблагодарам и себеси. Се чувствувам како секогаш да сум самокритична и никогаш не си давам доволно признание, па затоа сакам да ѝ се заблагодарам на Академијата за филмски награди за Азија што ми ја даде оваа доверба – рече таа.
Наградата за најдобра споредна машка улога ѝ припадна на ѕвездата од тајванската уметничка куќа Ли Канг-шенг, за неговата одлична изведба во мистериозниот трилер на Лео Сие Хуа, „Туѓи очи“, кој исто така ја доби наградата за најдобра монтажа на вечерта. Откако му се заблагодари на својот режисер, Ли се пошегува: „Иако имам освоено многу награди за најдобар актер, стареам, па претпоставувам дека сега можам да се обидам само за најдобра споредна машка улога“.
Во текот на ноќта, јужнокорејскиот хорор-хит „Ексхума“ беше фаворит на годинашната церемонија со неверојатни 11 номинации. Филмот, кој е натприроден трилер-хорор во режија на Јанг Џае-Хјун, беше и омилен кај критичарите и огромна театарска сензација во Јужна Кореја, станувајќи филм со најголема заработка во земјата на годината. Но се врати дома само со две победи – најдобар дизајн на костими и најдобри визуелни ефекти. Филмот „Ексхума“ имаше наша рецензија во едно од претходните изданија на „Кинонома“.
Акциониот еп за враќање во Хонгконг, „Самрак на воините“, беше втор најславен филм со девет номинации. Победи и во две категории – едитирање и дизајн на продукција.
Корејскиот актер ветеран Џанг Донг-гун и кинеската ѕвезда Танг Веи беа годинашните добитници на наградата за извонредност во азиската кинематографија.
Јапонскиот меѓународно ценет водечки човек во светот на кинематографијата, Који Јакушо („Совршени денови“, „Ќе танцуваме?“, „Јагула“), во меѓувреме ја доби честа за животно дело на АФА. Во текот на 45-годишната кариера во кинематографијата, Јакушо работеше со секој голем јапонски режисер од неговата генерација и наследи над 80 лика, меѓу кои самураи, гангстери, полицајци, заводници, како и карактери од сите видови. Тој претходно беше номиниран за наградата најдобар актер на АФА четири пати и победи двапати – за „Крвта на волците“ (2018) и „Совршени денови“ (2023) – што го прави една од најодликуваните ѕвезди во историјата на наградите заедно со Тони Леунг од Хонгконг и Ли Бјунг-Хун од Кореја.
– Навистина бев почестен кога ги слушнав имињата на минатите приматели и се најдов во страв од такви истакнати личности. Добивањето на оваа награда ме мотивира да се стремам кон уште подобра работа во преостанатите години од мојата актерска кариера – рече Јакушо.
АФА го започнува најпрометниот месец во годината во филмската индустрија во Хонгконг. „Хонгконг филмарт“, најголемиот пазар за филмски права во Азија, ги отвора вратите в понеделник во градската област Ванчаи, заедно со влијателниот пазар на филмски проекти ХАФ. Меѓународниот филмски фестивал во Хонгконг започнува на крајот на месецот. Целосната филмска селекција на фестивалот за 2025 година ќе биде претставена на прес-конференција во „Филмарт“ во вторник.
Комплетна листа на сите номинирани и наградени на АФА за 2025 година
НАЈДОБАР ФИЛМ:
„Сè што замислуваме како светлина“ (Индија, Франција, Холандија, Луксембург)
НОМИНИРАНИ:
„Црно куче“ (Кина)
„Ексхума“ (Јужна Кореја)
„Теки доаѓа“ (Јапонија)
„Самрак на воините“ (Хонгконг)
НАЈДОБАР РЕЖИСЕР:
Јошида Даихачи – „Теки доаѓа“ (Јапонија)
НОМИНИРАНИ:
Пајал Кападија – „Сè што замислуваме како светлина“ (Индија)
Гуан Ху – „Црно куче“ (Кина)
Џанг Џае-Хјун – „Ексхума“ (Јужна Кореја)
Рити Пан – „Средба со Пол Пот“ (Камбоџа)
НАЈДОБАР АКТЕР:
Шон Лау – „Папа“ (Хонгконг)
НОМИНИРАНИ:
Еди Пенг – „Црно куче“ (Кина)
Чои Мин-сик – „Ексхума“ (Јужна Кореја)
Нагатсука Кјозо – „Теки доаѓа“ (Јапонија)
Мајкл Хуи – „Последниот танц“ (Хонгконг)
НАЈДОБРА АКТЕРКА:
Шахана Госвами – Сантош (Индија)
НОМИНИРАНИ:
Кани Кусрути – „Сè што замислуваме како светлина“ (Индија)
Силвија Чанг – „Ќерка на ќерката“ (Тајван)
Каваи Јуми – „Пустината на Намибија“ (Јапонија)
Ким Го-Еун – „Ексхума“ (Јужна Кореја)
НАЈДОБАР СПОРЕДЕН АКТЕР:
Ли Канг Шенг – „Tуѓи очи“ (Сингапур)
НОМИНИРАНИ:
Мицуиши Кен – „Сите долги ноќи“ (Јапонија)
Икемацу Сосуке – „Моето сонце“ (Јапонија)
Чу Пак Хонг – „Последниот танц“ (Хонгконг)
Филип Нг – „Самрак на воините“ (Хонгконг)
НАЈДОБРА СПОРЕДНА АКТЕРКА:
Јанг Куеи-Меи – Јен и Аи-Ли (Тајван)
НОМИНИРАНИ:
Меги Ли Лин Лин – „Сè ќе биде добро“ (Хонгконг)
Дивиа Праба – „Сè што замислуваме како светлина“ (Индија)
Лим Џи-јеон – „Револвер“ (Јужна Кореја)
Такиучи Куми – „Теки доаѓа“ (Јапонија)
НАЈДОБРО СЦЕНАРИО:
Мохамед Расулоф – „Семето на светата смоква“ (Иран, Германија, Франција)
НОМИНИРАНИ:
Вада Кијото, Мијаке Шо – „Сите долги ноќи“ (Јапонија)
Пајал Кападиа – „Сè што замислуваме како светлина“ (Индија)
Џанг Џае-Хјун – „Ексхума“ (Јужна Кореја)
Пјер Ерван Гијом, Рити Пан – „Средба со Пол Пот“ (Камбоџа)
НАЈДОБАР ДИЗАЈН НА КОСТИМИ:
Чои Јун-Сун – „Ексхума“ (Јужна Кореја)
НОМИНИРАНИ:
Јанг Донглин – „Таписерија на легендарната земја“ (Кина)
Дорџи Драдул Гурунг – „Шамбала“ (Непал, Хонгконг)
Мијамото Мари – „Теки доаѓа“ (Јапонија)
Брус Ју, Карен Јип – „Самрак на воините“ (Хонгконг)
НАЈДОБРА КИНЕМАТОГРАФИЈА:
Хонг Кјеонг-Пјо – „Харбин“ (Јужна Кореја)
НОМИНИРАНИ:
Лв Сангуе – „Мојот пријател Ан Дели“ (Кина)
Азиз Жамбакиев – „Шамбала“ (Непал, Хонгконг, Франција, Норвешка, Катар, Тајван, Турција, САД)
Шиномија Хидетоши – „Теки доаѓа“ (Јапонија)
Ченг Сиу Кеунг – „Самрак на воините“ (Хонгконг)
НАЈДОБРА ОРИГИНАЛНА МУЗИКА:
Чу Ван Пин – „Последниот танц“ (Хонгконг)
НОМИНИРАНИ:
„Хи’спек“ – „Сите долги ноќи“ (Јапонија)
Ким Тае-сунг – „Ексхума“ (Јужна Кореја)
Кацумото Мичиаки – „Човекот од кутијата“ (Јапонија)
Каваи Кенџи – „Самрак на воините“ (Хонгконг)
НАЈДОБРИ ВИЗУЕЛНИ ЕФЕКТИ:
Ким Шин-Чул, Даниел Сон – „Ексхума“ (Јужна Кореја)
НОМИНИРАНИ:
Дени Јин – „Црно куче“ (Кина)
Сато Фумиро, Кобари Јасухиро – „Црн вол“ (Јапонија, Тајван)
Томи Куо, Чиу Чун-Ји – „Друштво за мртви таленти“ (Тајван)
Лин Чун Ју Џулс, Ма Сиу Фу, Гарет К Лам, Ји Квок Леунг – „Самрак на воините“ (Хонгконг)