Фото: „Нова Македонија“

Црвено-жолтите во следните два меча играат со Естонија на гости и со Литванија дома

РАКОМЕТ

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе третиот пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) в година во Данска, Норвешка и во Шведска. Во 4. коло во групата еден Македонија загуби од Словенија со 27-38, на гости, во Копер. Пред мечот со една минута молчење во салата им беше оддадена почит на жртвите што загинаа во трагедијата во Кочани.
Во македонските редови најефикасен беше капитенот Филип Кузмановски со шест гола, а голманот Никола Митревски имаше шест одбрани. Кај Словенците Алекс Влах постигна девет погодока, а голманот Јоже Базник забележа 10 одбрани. Во вториот меч од оваа група Литванија дома ја победи Естонија со 35-28 и сега е втора со шест бода, Естонија е последна без бодови, а Словенија со максимални осум бода веќе обезбеди пласман на ЕП 2026.
Црвено-жолтите за пласман на ЕП 2026 преку првите две места на табелата во мај треба да ги победат Естонија на гости и Литванија дома со три гола разлика, а притоа Словенија да ја победи Литванија на гости. Првите две селекции од секоја од осумте квалификациски групи и четири најдобри меѓу третопласираните обезбедуваат пласман на ЕП 2026. Досега седум репрезентации обезбедија учество, домаќините, европскиот првак Франција, како и Словенија (група еден), Исланд (група три) и Хрватска (група пет). Г.И.


ГРУПА 1

Словенија – Македонија 38-27
Литванија – Естонија 35-28

ТАБЕЛА
Словенија 4 4 0 0 135-106 8
Литванија 4 3 0 1 119-111 6
Македонија 4 1 0 3 117-132 2
Естонија 4 0 0 4 109-131 0
Идно коло: Литванија – Словенија (7 мај), Естонија – Македонија (8 мај).