Тврдењето на „Импортџиниус“ поврзано со товарот на бродот „Атлантик навигатор II“ е потврдено и официјално, како информација од надлежните служби на САД за јавноста дека на 12 февруари тој брод испорачал два товара од 15 и 85 тони ураниум во Балтимор, а пратката била наменета за американските компании „Вестингхаус“ и „Глобал нуклеар фуел Америкас“. За да ги испорача пратките, руската компанија „Тенекс“ претходно обезбеди „три специјални дозволи од руските власти“. Американската компанија „Центрус енерџи“ го потврди извештајот на „Импортџиниус“, истакнувајќи дека „најголем дел од овие суровини е испорачан по нарачка“ за исполнување на нарачките од еден од американските клиенти
Според службата за следење на увозот на ураниум во рамките на американската компанија „Импортџиниус“, руската компанија „Тенекс“ (која, пак е дел од државната нуклеарна корпорација „Росатом“) „го продолжи извозот на нискозбогатен ураниум во САД и во февруари 2025 година“.
Имено, споменатата американска компанија „Импортџиниус“, која го следи увозот на ураниум во САД, има седиште во Скотсдејл, Аризона, и е специјализирана за трговски податоци. Основана од Мајкл Канко, Дејвид Петерсен и Рајан Петерсен, „Импортџиниус“ сега е респектабилен субјект што организира и одржува база на податоци од стотици милиони документи за испорака и царински записи од владини агенции, како и приватни компании низ светот.
Во гореспоменатиот контекст ја издвојуваме и информацијата на „Импортџиниус“ поврзана со бродот „Атлантик навигатор II“, кој на 12 февруари испорача два товара од 15 и 85 тони ураниум во Балтимор, а пратката беше наменета за американските компании „Вестингхаус“ и „ нуклеар фуел Америкас“.
За да ги испорача пратките, руската компанија „Тенекс“ претходно обезбеди „три специјални дозволи од руските власти“. Американската компанија „Центрус енерџи“ го потврди извештајот на „Импортџиниус“, истакнувајќи дека „најголем дел од овие суровини е испорачан по нарачка“ за исполнување на нарачките од еден од американските клиенти.
„Росатом“ покрива една петтина од горивото за американските нуклеарни централи
Во 2023 година Русија извезла производи од ураниум во САД во вредност од околу 1,2 милијарда долари. Иако Русија не е главен производител на ураниум, таа зазема една третина од глобалниот пазар за конверзија и збогатување на овој ресурс. Имено, рускиот „Росатом“ покрива до 20 отсто од потребите на американските нуклеарни централи.
Неодамна компанијата „Центрус енерџи“ предупреди дека прекинот на руските испораки негативно ќе влијае на нејзината способност да ги исполни своите обврски за снабдување со гориво за американските нуклеарни централи. (За потсетување, „Центрус енерџи“ е американска компанија што доставува нуклеарно гориво за употреба во нуклеарни централи и работи на развој и распоредување напредна технологија за центрифуга за производство на збогатен ураниум за комерцијални и владини потреби, вклучувајќи и за национална безбедност.)
Токму оваа компанија ја лиферува информацијата дека руската компанија „Тенекс“ планира да побара (од руските надлежни органи) дополнителни дозволи за извоз, но предупреди дека руската страна може да одбие да ги издаде дозволите. Во август 2024 година Вашингтон воведе големи ограничувања за увозот на ураниум од Русија и имаше цел целосно да ги прекине врските со руските доставувачи до 2028 година, но, очигледно, работите на геополитичката карта се менуваат, а со тоа и на геоекономската глобална карта. Р.С.
Од анализа во „Фајненшл тајмс“: Русија сѐ уште го има
најголемиот дел од светската преработка на ураниум
Во неодамнешната анализа во реномираниот „Фајненшл тајмс“ се тврди дека „Русија контролира голем дел од светската обработка на ураниум“. Тоа можеби досега беше една непријатна реалност во светлината на санкциите на САД за Русија, поради војната во Украина, но сега настапува една сосема друга „нова реалност“, и за санкциите кон Русија, но и за руско-американските односи. Имено, во центарот на анализата во „Фајненшл тајмс“ е позициониран Казахстан поради производството на ураниум, односно од околу 27 милиони килограми U308, што претставува 44 отсто од сегашното глобално производство на ураниум. Но автономијата на одлуките на Казахстан за производство на ураниум очигледно е под влијание на Кремљ, а за тоа нескриено Москва демонстрираше низа индикатори во делот од гарантирањето стабилна политичко-безбедносна состојба во тој регион.
Но, надвор од доменот на политиката, ураниумот од казахстанско потекло, директно или индиректно, игра клучна улога во задоволувањето на енергетските потреби на Западот, покривајќи 40 отсто од потребите на САД и значителни 44 отсто за Европската Унија.