Здрава храна
Младата месечина е пред нас и сега е време за диетата позната како месечева. Положбата на Месечината влијае на многу метаболички процеси, но и на тежината. Месечевата диета е многу популарна бидејќи дава исклучително добри резултати не само за регулирање на тежината туку и за здравјето. Функционира кај сите, трае кратко време и е многу ефикасна.
Повеќето луѓе што ја практикувале тврдат дека изгубените килограми не се враќаат, а според овој принцип треба да пиете само вода, чај со мед или стевија и свежо цедени сокови од овошје или зеленчук. Она што е забрането се цврста храна, алкохол, кафе и цигари.
Постојат неколку начини за спроведување на месечевата диета. Можете да пиете само вода, чај, свежо цедени сокови од овошје или зеленчук 24 часа од почетокот на фазата на младата месечина до истиот час следниот ден. Диетата може да трае 72 часа – од 24 часа пред почетокот на лунарната фаза до 24 часа по нејзиниот крај и – еднаш месечно – најдобро на полна или млада месечина кога се однесувате според истиот принцип. Ако тоа ви е тешко, првиот ден јадете суров или варен зеленчук, вториот ден преминете на вода, чај и сокови, а третиот ден пијте вода и јадете ананас и печурки.