Галеријата „Метаноја“ во соработка со фондацијата „Нушиќ“ од Белград организира промоција на книгата „Бен Акиба: за нас“ со изложба на карикатури со ликот на Бранислав Нушиќ во авторство на карикатуристот Зоран Товирац-Тоцо. Промоцијата ќе се одржи денеска, во 18 часот, на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје.
Настанот ќе го отвори директорката на галеријата „Метаноја“, Нада Милкова. На публиката ќе ѝ се обратат директорот на фондацијата „Нушиќ“, Небојша Нушиќ, внукот на Бранислав, скулпторот Синиша Новески, претставник на фондацијата „Нушиќ“ за Македонија и Коста Милков, рецензент на книгата.