Фото: Принтскрин

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва објави дека на денешната владина седница е помината и одлуката за вториот дел од унгарскиот заем во износ од 500 милиони евра.

Овие средства, како што изјави Мицкоски, ќе бидат оперативни од следната година и ќе бидат наменети за раздолжување за еврообврзницата земена од претходната влада.

-Овие средства се потребни затоа што на 25 јануари истекува еврообврзницата земена во 2018 година од претходната влада. Со тоа ќе се раздолжиме т.е. која и да било идна влада ќе нема обврска да исплаќа еврообврзница – рече Мицкоски во вечерашната отворена дебата на Македонската радио телевизија.

Средствата од првиот дел од кредитот во износ исто така од пола милијарда евра се наменети за компаниите и за локалните самоуправи.