Фото: Пиксабеј/Илустрација

Руското Министерство за одбрана соопшти дека денеска биле соборени осум балистички ракети што биле лансирани од Украина, без да прецизира за какви проектили станува збор, како и дека се уништени бомби и дронови од американско производство.

Француските медиуми пренесуваат дека веста на руското Министерство е објавена во време на жестока ескалација на конфликтот во Украина и заканите на Москва дека ќе ги гаѓа западните земји доколку западното оружје се употреби на руска територија.

– Воздушната одбрана собори осум балистички ракети, шест наведувани воздушни бомби JDAM од американско производство, како и 45 беспилотни летала – соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Русија минатата недела ја нападна Украина со балистичка ракета со среден дострел без нуклеарна боева глава и вети дека ќе го зголеми бројот на такви напади доколку Киев продолжи да користи западни ракети за цел на руска територија.