Фото: Принт-скрин

Епидемијата на мајмунски сипаници (мпокс) продолжува да биде итен јавно здравствен проблем – објави Светската здравствена организација (СЗО).

СЗО првпат прогласи вонредна состојба во август, кога епидемија на нова форма на сипаници се прошири од Демократска Република Конго погодена од вирусот во соседните земји.

Мајмунските сипаници се вирусна инфекција која се шири преку близок контакт и обично предизвикува симптоми слични на грип и гнојни лезии. Обично е благ, но може да биде фатален, пренесе „Хина“, повикувајќи се на „Ројтерс“.

Оваа година има повеќе од 46.000 случаи низ Африка, главно во Конго и повеќе од илјада смртни случаи.

Ознаката „закана за јавното здравје од меѓународно значење“ е највисоката форма на предупредување на СЗО, а беше применета и на глобалната појава на втората форма на сипаници во 2022 и 2023 година.