Принтскрин/Б92/Инстаграм

Амбасадата на Република Србија во Скопје соопшти дека во нејзините простории, на улицата „Питу Гули“ 8, за јавноста е отворена Книга на жалост за трагедијата што вчера се случи во Нови Сад.

Македонските граѓани може да го изразат своето сочувство во Книгата на жалост од денеска до 4 ноември, од 12 до 18 часот.

Поради несреќата во која од падот на настрешница на Железничката станица во Нови Сад вчера загинаа 14 луѓе, Владата на Република Србија денешниот ден, 2 ноември 2024, го прогласи за Ден на жалост во Србија.