Фото: Илустрација/Принт-скрин

Северна Кореја разнесе делови од два главни патишта поврзани со јужниот дел на полуостровот, соопштија јужнокорејските власти, откако Пјонгјанг предупреди дека ќе преземе чекори за целосно отсекување на нејзината територија од југот, објави Си-Ен-ЕН.

Во реалноста, уништувањето на патните правци не прави никаква разлика. Двете Кореи остануваат поделени со една од најсилно утврдените граници во светот, а уништените патиштата не се користеле со години. Но, симболиката на нападот доаѓа во време на особено жестока реторика меѓу двајцата корејски лидери.

Видеото споделено од јужнокорејското Министерство за одбрана покажа неколку експлозии на патиштата на северната страна на воената демаркациона линија што ги раздвојува две Кореи.

Како одговор на експлозиите, јужнокорејската војска истрела артилерија во областа јужно од воената демаркациона линија и внимателно ги следи движењата на севернокорејската војска, одржувајќи „позиција на целосна подготвеност во соработка со САД“, соопшти Министерството за одбрана на Јужна Кореја.