Софија Беловска (десно), засега има 1.5 поен

Во третото коло македонските преставници освоија вкупно осум поени од можни 13 или 61,5 отсто

ШАХ – ЕП ЗА МЛАДИ ВО ПРАГА

За разлика од второто коло, кога македонските претставници освоија скромни 2,5 поена од можни 13 (19,2 отсто), во третото коло на Европското првенство (ЕП) во шах за млади во Прага (во седум возрасни категории, до осум 10, 12 14, 16 и 18 години) состојбата драстично се подобри. Освоени се вкупно осум поени (седум победи, две ремија и четири порази) или 61,5 отсто. Доминираа момчињата со пет поени од можни седум (пет победи и два пораза) или 71,4 отсто, додека девојчињата имаа половичен успех, впишаа три поени од можни шест (по две победи, ремија и пораза). Засега по две победи остварија само Крстевски и репрезентативецот Златков, а единствено нема пораз репрезентативката Жежовска.
По ова коло, по два поена имаат Жежовска (32-то место), Крстевски (40) и Златков (20). По 1,5 поен собраа Беловска (29), Абдурахман (65) и А. Иванов (87). Половина поен освои само Велкоска (103), додека засега без бодови се Велева (90) и Ибраимов (144).
На ЕП во сите категории (момчиња и девојчиња) играат вкупно 1.231 учесник од 47 земји, од кои 190 со титули (еден ВМ, 13 ИМ, 88 ФМ. 31 ЖФМ, 31 КМ, 26 ЖКМ). Г.И.


Резултати, 3. коло

ДЕВОЈЧИЊА
8 год. (23) Софија Беловска – (10) Сабина Дутковичи (Романија) 0-1
10 год. (62) Андреа Цветановска – (49) Симона Ковачикова (1.459, Словачка) 1-0
12 год. (60) Илијана Велева (1.556) – (78) Елиф Ерсој (1.470, Турција) 0-1
14 год. (92) Марилена Шпангл (1.566, Австрија) – (101) Ивана Велкоска (1.490) реми
16 год. (7) Моника Жежовска (2.069) – (48) Андреа Станковиќ (1.856, Србија) реми
18 год. (82) Евелина Стикане (1.551, Летонија) – (61) Инџи Ајрадиноска (1.812) 0-1

МОМЧИЊА
8 год. (27) Витолд Русек (1.574, Полска) – (48) Васил Иванов (1.452) 1-0
10 год. (76) Ахмет С. Абдурахман (1.602) – (111) Јон Пилана (Косово) 1-0
10 год. (92) Дамјан Николовски (1.526) – (105) Адомас Грибаускас (Литванија) 1-0
12 год. (102) Тијаго Антунес (1.599, Португалија) – (52) Павел Крстевски (1.873) 0-1
14 год. (137) Јон Врабие (1.561, Молдавија) – (98) Андреј Иванов (1.879) 0-1
16 год. (140) Ефе Ибраимов (1.770)- (113) Микаел Хеидарсон (1.948, Исланд) 0-1
18 год. (75) Оливер Кути (2.114, Австрија) – (36) ФМ Антон Златков (2.297) 0-1