Фото: Принтскрин

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, го повика НАТО да ја исфрли Турција од Алијансата, по изјавата на нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган дека Турција може да влезе во Израел за да им помогне на Палестинците.

-Во светло на опасната реторика на турскиот претседател Ердоган и заканата за напад на Израел, министерот за надворешни работи Израел Кац им нареди на дипломатите итно да контактираат со сите членки на НАТО, повикувајќи на осуда на Турција и барајќи нејзино исфрлање од Алијансата – соопшти израелското Министерството за надворешни работи.

Ердоган во неделата рече дека Турција може да влезе во Израел за да им помогне на Палестинците, како што тоа некогаш го правеше во Либија и Нагорно-Карабах.