Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп околу пет минути откако го почнал својот говор на вчерашниот предизборниот митинг во Батлер, Пенсилванија, се слушнале неколку истрели, а тој гсе фатил за десното уво кога агентите на Тајната служба се упатиле кон бината и го легнаале под бината, штитејќи го со своите тела.
Агентите на Тајната служба го одведоа Трамп на сигурно, а на неговото десно уво беа видливи траги од крв.
Трамп подоцна изјави дека куршум го погодил во горниот дел десното уво.
Пукањето врз Трамп ќе се истражува како обид за атентат врз поранешен претседател.
Медиумите објавија различни информации за бројот на жртви и за позицијата од каде е пукано врз поранешниот претседател на САД.
BREAKING: Additional footage of suspected shots being fired at Trump pic.twitter.com/o8CO5ElgOq
— The Spectator Index (@spectatorindex) July 13, 2024
„Еј-би-си њуз“ (ABC News) јави дека најверојатно врз Трамп е пукано со снајер, од висока зграда во близина. Првично беше објавено дека напаѓачот со снајперски оган бил убиен од тим на Тајната служба.
Подоцна, „Еј-би-си њуз“ објави дека напаѓачот истрелал дури осум куршуми од пушка АР 15, од покрив на зграда во близина каде што се одржуваше митингот, на оддалечена од 200 до 300 метри.
Британскиот „Би-би-си“ (BBC) објави изјава на очевидец, кој тврди дека видел човек со пушка како се качува на кровот на зградата и оти веднаш ја известил полицијата.
– Забележавме како еден човек се качува на кровот на зградата оддалечена од нас околу 50 стопи. Имаше пушка, јасно го видовме него и пушката. Помислив зошто Трамп сè уште зборува, зошто не е тргнат од бината? Следно што слушнав е пет истрели – изјави очевидецот Грег за „Би-би-си“.
Медиумите објавија различни податоци за бројот на жртвите, иако сите се согласуваат дека напаѓачот е убиен од Тајната служба.
„Си-ен-ен“ (CNN) јави дека загинале најмалку две лица кои присуствувале на митингот, а еден е потешко повреден.
Исто така медиумите различно јавија за повредата на Трамп. Според тврдењата на поранешниот американски претседател, куршумот го погодил во десното уво, но според известувачите од митингот, куршум погодил стаклена чаша со вода, а Трамп е повреден од искршеното стакло.