Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва загуби од Естонија со 1-3 (23-25, 25-14, 19-25 и 22-25 по сетови) на почетокот од новото издание на Европската златна лига.
Никола Ѓорѓиев со 19 поени беше најефикасен кај Македонија, во дуелот на турнирот чиј домаќин е Струмица.
Утре на програмата е дуелот Чешка – Естонија, а в недела и средбата Македонија – Чешка, двата од 20.15 часот.
По турнирот во Струмица, репрезентацијата на Македонија, предводена од новиот селектор Хари Наковски, ќе одигра уште четири натпревари, и тоа со Азербејџан и со Белгија во Беверен (на 25 и 26 мај), а потоа со Хрватска и со Шпанија во Осиек (на 31 мај и на 1 јуни).