Најмалку три деца се повредени во инцидентот во основно училиште во финскиот град Вантаа, северно од главниот град Хелсинки, соопшти полицијата, пренесе ДПА.
Осомничениот за нападот е приведен и се дознава дека е малолетник.
Пукање се случило во училиште во областа Виертола, во градот Вантаа, соопшти финската полиција.
-Полицијата е на лице место и врши увид. Се замолуваат граѓаните да бидат подалеку од областа и во затворен простор. Вратите не треба да се отвораат за странци – се наведува во полициското соопштение.
Ванта има околу 250.000 жители и е дел од пошироката област Хелсинки.
Финскиот јавен радиодифузен сервис Иле известува дека во училиштето работат околу 90 лица.