Хрватскиот Уставен суд одлучи дека актуелниот претседател на Хрватска, Зоран Милановиќ, не може да биде на изборната листа на неговата партија, опозициската СДП, парламентарните избори. Тој не може да биде кандидат за премиерската функција,
Милановиќ најави дека ќе биде кандидат за премиер, откако во петокот ги закажа парламентарните избори за 17 април. Истовремено, во хрватската јавност беше покренато прашањето околу уставноста на неговата намера.
Во членот 96 од Уставот е предвидено дека претседателот на републиката не може да врши други јавни или професионални должности. Претседателот на републиката е непартиско лице и при вршењето на оваа должност не смее да учествува во политичките активности на ниту една политичка партија, што исклучува секаква можност претседателот на републиката, во контекст на распишаните парламентарни избори, да биде кандидат на листата за избор на претставници или предложен за кандидат за функцијата претседател на Владата на Република Хрватска и во тоа својство да учествува во политичката изборна кампања.
Милановиќ стана претседател во 2020 година, а неговиот претседателски мандат истекува во февруари следната година. Претходно беше премиер од 2011 до 2016 година.