УТРЕ ВО СКОПЈЕ
Во чест на роденденот на македонскиот великан Гоце Делчев, утре шаховскиот клуб Ветерани Скопје 72 го организира првиот ветерански турнир во забрзан шах за годинава наречен „Еснаф“. Турнирот ќе се игра во скопската населба Аеродром, со почеток во 10.30 часот.
Пријавувањето на учесниците, кои не треба да бидат помлади од 60 години, е до 10 часот утре, а ќе се играат седум кола со временско темпо од 15 минути плус 10 секунди по секој потег. За најдобрите четворица се предвидени парични награди.
– Шаховските ветерани ќе бидат неуморни и во 2024 година, како што беа и лани, притоа прикажувајќи голема борбеност и мошне квалитетни партии. Очекувам да настапат околу 25 учесници, меѓу кои многу искусни ветерани на црно-белите полиња, кои со својата игра во минатото оставиле траен печат врз македонскиот шах – ни изјави претседателот на ШК Ветерани Скопје 72, Илија Стошевски. Г.И.