Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека уште 3.000 негови борци се подготвени да заминат да се борат во Украина како дел од единиците на руското Министерство за одбрана и силите на руската Национална гарда, пренесе „Ројтерс“.
– Тие (борците) ја имаат најдобрата опрема и модерното оружје. Покрај тоа, момците се многу борбени и високо мотивирани да постигнат резултати – напиша Кадиров на „Телеграм“.
За Кадиров војната во Украина е бедем против „западната агресија“.
Кадиров во мај рече дека од почетокот на руско-украинската војна, Чеченија испратила повеќе од 26.000 борци да се борат во Украина како дел од руските сили.