По пет кола, најдобропласирани се Златков (24-ти со три поени) и Велева (39-та со 2,5 поени)
ШАХ – ЕП ЗА МЛАДИ КАТЕГОРИИ, ПЕТТО КОЛО
Две победи, четири ремија и пет порази, односно три поени од можни 11 е резултатот на македонските претставници во петтото коло на Европското првенство (ЕП) за млади во Мамаја (Романија), во шест возрасни категории (до 8, 10, 12, 14, 16 и до 18 години). Момчињата освоија 3,5 поени (две победи, три ремија и еден пораз) од можни шест, а девојчињата освоија половина поен од пет можни. Вчера беше слободен ден, а денеска се игра шестото коло од вкупно деветте со стандардно време на размислување во конкуренција на вкупно 928 учесници, од кои 556 момчиња и 372 девојчиња (13 ИМ, 61 ФМ, 21 ЖФМ), од 46 држави. Македонија нема свој претставник само во возрасните категории до 10 години (момчиња) и до 18 години (девојчиња).
Цел поен во ова коло освоија Ахмет Абдурахман (категорија до 8 год.) и Даниел Стефаноски (до 12 год.), а ремизираа Кирил Николовски (до 14), Антон Златков (до 16), Леонид Петрески (до 16) и Илијана Велева (до 10). По ова коло од македонските претставници најдобар пласман има Златков, кој со три поени (по две победи и ремија и еден пораз) е на 24-то место, а кај девојчињата Илијана Велева, која со 2,5 поени (по две победи и пораза и едно реми) е на 39-то место. Г.И.
Резултати 5. коло
КАТ. ДВОЈКА РЕЗ.
8 г. (59) Абдурахман – (71) Галиќ (БиХ) 1-0
12 г. (92) Кристеа (Романија) – (76) Стефаноски (1.391) 0-1
14 г. (30) ФМ Моркунас (2.074, Литванија) – (62) Николовски (1.714) реми
16 г. (13) Родригес (2.338, Шпанија) – (29) Златков (2.207) реми
18г. (55) Петрески (2.127) – (30) ФМ Сулејманли (2.262, Азербејџан) реми
18г. (80) Фрапини (1.767, Луксембург) – (77) Табаковски (1.811) 1-0
8 г. (49) Велкова – (26) Гомбоси (Словенија) 0-1
10 г. (49) Велева (1.072) – (28) Кристуреан (1.116, Романија) реми
12 г. (59) Димитру (1.126, Романија) – (71) Котушеска 1-0
14 г. (67) Огњановска (1.115) – (53) Гавриел (1.422, Израел) 0-1
16 г. (39) Каравитаки (1.570, Грција) – (21) Жежовска (1.816) 1-0