Рускиот опозиционер Алексеј Навални тврди дека му е забрането да ја напушти Русија.
-Дојдов на аеродром. Летам да ја слушнам одлуката на Европскиот суд за правда, меѓутоа ми го земаа пасошот за да извршат посебни проверки, напиша Навални на Твитер – додавајќи дека од полицијата му соопштиле оти не може да ја напушти Русија.
Тој вели дека добил писмо во кое пишува дека му е забрането да ја напушти Русија, но причината не е наведена.
Навални во последните месеци беше уапсен неколку пати.
Последниот пат беше приведен на 29 септември, а неколку дена подоцна му беше изречена затворска казна од 20 дена поради повик на протест.