Фото: М.М
Денеска во Битола започна 22 издание на Меѓународниот арт фестивал „Битола отворен град“ кој ја промовира урбаната култура, а се одржува  во организација на Младинскиот културен центар Битола.
Фестивалот започна со цртање мурали на неколку локации во градот, а ќе продолжи со одржување на журка на пешачката патека во Старта чаршија на зајдиосонце со диџеј „BERRYQYAT“.
Журката ќе продолжи  пред поранешната Соколна, во Градскиот парк со тројца диџеи Боц.А и „Авенсис“ од Македонија и Џое Дием од Шпанија.
На 23 јуни во дворот на МКЦ ќе се претстават млади уметници, фотографи и графичари со цртање графити.
Во рамките на фестивалот в сабота, на 24 јуни во Градскиот парк ќе се одржи голем музички хепенинг со концерт на „Луцент“ авторски македонски бенд од Битола, „Арумбо румба фјужн бенд“ од Шпанија со членови од Белгија и Италија и „Репетитор“ гаражно рок/пост-панк трио од Белград.
Одржувањето на музичкиот  хепенинг е заштитен знак на фестивалот. Започнува со настап на „Луцент“ авторски македонски дум рок бенд од Битола со сјани настапи во живо и верни фанови кои ги следат на настапит. Тие имаат зациментирано своето место како бенд кој држи лекции за моќна музика и звук. Со него ја задржуваме традицијата на големиот музички хепенинг да го отвоириме со авторски, македонски бенд со што даваме поддршка на локалната музичка сцена – рече Златко Талевски, извршен директор на МКЦ Битола.
Свој настап ќе има „Арумбо румба-фјужн бенд“ од Шпанија со членови од Белгија и Каталонија, со танцувачки песни и мелодии од срце испеани со сепцифичен кадифен женски вокал.
– Ова е посебен предизвик за нас зашто после подолго време излегуваме од балканските рамки и нивното гостување е резултат на партнерствата што ги имаме направено со учество во неколку европски музички сцени. За првпат настапуваат во Македонија – додаде Талевски.
Третиот бенд, кој ќе настапи на музичкиот хепенинг е „Репетитор“ гаражно рок/пост-панк трио од Белград, Србија.
Директорот на Младинскиот културен центар од Битола, Сашо Додовски, на денешната прес конференција истакна дека  времето покажа оти ова е еден од најдолготрајните фестивали кои не се целосно финансирани од буџетски извори или се само делумно потпомогнати од нив што во транзициски времиња е навистина тешко да се оствари и издржи.
Сите настани  на фестивалот се бесплатни, а волонтерите се движечка сила на фестивалот – велат организаторите.
М.М