Истакнувањето на „македонското сонце“ претставува чин на идентификација, достоинство и гордост на секој етнички Македонец, изјави Менкиноски. Многу повеќе, мојата дефиниција за тоа што значи ова знаме за Македонецот е: Слобода. И оваа апстрактна идеја најмногу го претставува моето право и правото на секој во оваа држава на слободен говор. Тоа значи да имам глас, да можам да ја кажам мојата
приказна, да се согласувам или да не се согласувам, или да ги споделувам моите мислења без да ме замолчат
Симболите се полни со емоции. Ние се грижиме за нив и ги толкуваме на лично ниво. Знамето е симбол. Моќта на симболот доаѓа од моќта на значењето, а тоа доаѓа од групата луѓе што го користат симболот за да ги пренесат своите верувања и вредности. Затоа, моќта е во народот. Знамето е вид на визуелна комуникација – ние ја пренесуваме таа моќ (или немоќ) на другите преку комуникацијата на симболот. Токму она што го направи адвокатот Менкиноски со поставување на знамето со сонцето од Кутлеш (инаку официјален симбол на знамето на македонската независна држава од 1992 до 1995 година), кое беше истакнато на Долна порта во Охрид, во знак на поддршка за уставобранителите осудени за настаните на 27 април 2017 година.
Истакнувањето на „македонското сонце“ претставува чин на идентификација, достоинство и гордост на секој етнички Македонец, изјави Менкиноски. Многу повеќе, мојата дефиниција за тоа што значи ова знаме за Македонецот е: Слобода. И оваа апстрактна идеја најмногу го претставува моето право и правото на секој во оваа држава на слободен говор. Тоа значи да имам глас, да можам да ја кажам мојата приказна, да се согласувам или да не се согласувам, или да ги споделувам моите мислења без да ме замолчат.
Да се има глас значи да им се овозможи на другите да имаат глас. Критички да размислуваат и да ги охрабруваат другите да размислуваат од себе за себе. Да ги раскажуваме нашите приказни и да го слушаме мноштвото приказни на другите од нашето опкружување. Да научиме, да растеме, да станеме подобри. И да бидеме пример на оваа патека за другите, кои, исто така, ја користат својата слобода за да го изберат своето патување. Знамето може да биде и симбол на протест, покрај чин на слобода на говор.
Дури и ненационалните знамиња (какво што сака власта да го претстави знамето од Кутлеш) се исто така моќни симболи. Тие претставуваат идеали, движења и аспирации, кои очигледно кај нас треба да бидат потиснати во името на некоја апстрактна цел, каква што во моментов ми изгледа Европската Унија. Дали власта не знае или се прави недоветна за ова кога прогонува затоа што Менкиновски го веел знамето од Кутлеш? Дали е свесна дека криминализирајќи ја слободата да се вее знамето од Кутлеш ја отсликува својата авторитарност? Власт што сака да забрани изразување идеја, протест, едноставно затоа што таа смета дека самата идеја и протестот се навредливи или непријатни, се поставува над општеството и волјата на народот, несвесна дека го гази правото на пасивен политички говор, ако воопшто разбира што е тоа.
Знамето на Гадсден е историско американско знаме со жолто поле што прикажува дрвена змија ѕвечарка завиткана и подготвена за удар. Под змијата ѕвечарка се зборовите: „Не гази ме“. Дизајнот на знамето на Гадсден остана нешто како револуционерна реликвија многу години. Често ова знаме го споредуваат со борбеното знаме на Конфедерацијата, а верзијата на тоа знаме била прифатена од „Кју Клукс клан“ и другите бели врховисти. Оваа поврзаност со расната омраза и историските корени на знамето како амблем на идна влада што го прифати ропството, долго време го направи знамето навредливо за многумина. Додека многу Американци го гледаат ова знаме како симбол на сила и храброст, a за други може да претставува расизам и нетолеранција, тоа сепак е симбол на американската историја и треба да се третира со почит. Така Америка се однесува кон ова знаме и своите симболи.
За разлика од Америка, оваа власт очигледно се срами од знамето што било прво национално знаме на независна Македонија. Ниту историја, ниту почит. Освен казна за оние што сѐ уште го доживуваат знамето од Кутлеш како идентитетска идентификација на Македонците. Тоа е сликата на авторитарна Македонија со оваа власт. Слика на власт без демократски капацитет и чувство на национална гордост за својата историја и историски симболи.
Овој прогон на знамето што е дел од фактичкиот период во нашата историја кога Македонија ја градеше државноста во турбулентно опкружување во 1990-тите е можност за поцелосно да се разбере ваквото историско наследство и да застанеме зад значењето на знамето и неговата симболика за слобода, која денес одекнува посилно од кога било. За многу поединци денес знамето од Кутлеш е повеќе од знаме: тоа претставува основен принцип на индивидуалната слобода за кој вреди да се бориме.
Постои едноставен чекор што можеме да го преземеме за да покажеме дека ги поддржуваме вредностите на независноста, слободата и сите жртви што ги направија нашите предци за овие слободи и права. Знамето е порака до власта дека не дозволуваме да бидеме газени. Или, да ги парафразирам зборовите од знамето на Гадсден во поддршка на адвокатот Менкиноски: „Не газете ја мојата слобода“.