Србинот Новак Ѓоковиќ и Швајцарецот Роже Федерер ги предводат елитните осум тенисери на финалниот турнир од серијата мастерс, во Лондон, кој почнува утре. Хрватот Марин Чилиќ и Австриецот Доминик Тим местото на финалниот турнир го обезбедија по неодамнешниот турнир од серијата мастерс 1.000 во Париз. Кеи Нишикори од Јапонија и Џон Изнер од САД ќе настапат по повлекувањето поради повреди на Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро и на Шпанецот Рафаел Надал.
Трофејот во минатата година го освои Григор Димитров од Бугарија, но тој сега нема да настапи. Од финалистите Федерер води на листата со шест триумфи на завршниот мастерс-турнир, а пет има Ѓоковиќ. Од деветтемина што имаат повеќе од една ваква титула сега активни се само Федерер и Ѓоковиќ, а другите се Иван Лендл (Чешка), Пит Сампрас (САД), Илие Настасе (Романија), Борис Бекер (Германија), Џон Мекинро (САД), Бјорн Борг (Шведска) и Лејтон Хјуит (Австралија).