Однесувањето на водачот на ВМРО-ДПМНЕ личи на онаа приказна за овчарот, во која тој го оставил своето стадо на милост и немилост да талка во шумата, да се изгуби и да го изедат волците. Затоа мора што поскоро да го заменат овчарот со поодговорен од него за да не биде доцна за иднината на своето стадо и својата земја.
Веќе е 5 до 12.
Арно ама, притиснат однадвор и однатре, овчарот го прибрал некако стадото и го затворил во трлото да не кажува ништо и сме божем во бојкот, оти така му шепнал да прави газдата наовчарот.
Иако не се знае колкава е бројноста на стадото, но секако дека е многу помала од претходно – неколкумина од стадото веќе излегле и се пробиле од трлото и ја провалиле ујдурмата на овчарот и на неговиот газда. Однесувањето на газдата Груевски и на неговиот близнак Мицковски е веќе прочитана приказна и затоа ујдурмите не поминуваат кај народот.
Пост скриптум: Ујдурмата е штетна и за едните и за другите и за сите нас.
Во интерес и на стадото, и на новиот овчар и неговиот газда и на сите нас да опстојуваат успешно бидејќи тоа е смислата на демократијата. Низ слободата на различни спротивставени аргументирани ставови и гледишта одиме напред и како индивидуи и како општествена заедница. Во духот на сето тоа погоре кажано без силна и конструктивна опозиција, која ќе биде коректив на актуелната власт и токму затоа посакувам успешно да се реформира и стабилизира ВМРО-ДПМНЕ како нова модерна демократска партија на македонската политичка сцена.
Лазар Лазаров,
поранешен дипломат