Американското Министерство за одбрана соопшти дека нема индикации дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје, откако Москва најави распоредување на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.
„Ги видовме извештаите за руското соопштение и ќе продолжиме да ја следиме оваа ситуација“, се вели во писмената изјава на прес-службата на Министерството за одбрана.
„Не гледаме причина да ја прилагодиме нашата сопствена стратешка нуклеарна положба или каква било индикација дека Русија се подготвува да користи нуклеарно оружје. Остануваме посветени на колективната одбрана на НАТО алијансата“, се посочува во соопштението.
Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека Москва ќе распореди тактичко нуклеарно оружје на територијата на својот сојузник Белорусија, земја на прагот на Европската Унија.