Деновиве скопската компанија „Виа Сигнал“ поставува нова хоризонтална сигнализцаија на кичевските улици. И покрај сончевото и топло време, работниците од оваа компанија без прекин ги освежуваат пешачките премини и сите неопходни хоризонтални знаци, за непречено одвивање на сообраќајот.

Овој зафат е дел од програмата на општина Кичево за 2018 година и е финансиран од локалниот буџет.

– Од средата започнавме со поставување на нова хоризонтална сигнализација на кичевските улици. Нашата работа се одвива во поголемиот дел од денот, а мал проблем ни создава интензивниот сообраќај на поедини улици, кои мораме да ги обележувамње етапно, за да не го стопираме редовниот сообраќај. Ако времето не послужи, планираме за десетина дена целосно да ја завршиме започнатата работа – истакна Горан Антиќ, одговорното лице од скопската компанија „Виа Сигнал“.

Општинарите се задоволни што навремено ќе биде завршен овој зафат пред шпицот на сезоната, кога во градот бројот на патнички мотони возила и тројно ќе се зголеми.

– Како и претходните две години така и годинава во оптимален период вршиме поставување на нова хоризонтална сигнализација на сите сообраќајници во градот. Хоризонталната сигнализација го олеснува одвивањето на сообраќајот а од друга страна ја зголемува безбедноста на пешаците. Очекуваме во наредните десетина дена градот во целост да добие нова хоризонтална сигнализација – вели Емин Насуфи од општина Кичево.

З.А.