Американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да склучи нов нуклеарен договор со Техеран, изјавија синоќа од Белата куќа.
-САД остануваат отворени да склучат нов, посеопфатен договор со Иран, со кој ќе се запре развојот на нуклеарното оружје во таа земја, кој ќе одговара на цел спектар од нивните штетни дејства и кој иранскиот народ го заслужува, се вели во синоќешното соопштение на Трамп.
Според него, Вашингтон ги возобновува санкциите кон Иран и тие ќе бидат во сила се додека не биде склучен нов договор. Тој ги повика иранските власти „или да се откажат од деструктивното поведение, или да го продолжат патот на економска катастрофа“.
Новите мерки кон Техерен, стапуваат во сила во понеделник, беа објавени од страна на државниот секретар Мајк Помпео. Во таканаречениот „црн список“ на компании и лица, САД додадоа 700 точки, а исто така воведуваат ембарго за увоз на иранска нафта.
Санкциите имаат екстериторијален карактер, што значи од нив ќе бидат погодени сите земји.