Земјотрес со јачина од 4,2 степени вечерва предизвика паника во источните и северните делови на Либан, при што жителите во некои области ги напуштија своите домови и истрчаа на улиците.
Либанскиот Национален центар за геофизика соопшти дека земјотресот се случил во 20.58 часот по локално време на околу пет километри од градот Хермел, недалеку од сириската граница.
Засега нема информации за штети или евентуални жртви.
Како што пренесе ДПА, потресот го почувствувале и жителите на главниот град Бејрут, а луѓето истрчале од своите куќи и во пристанишниот град Триполи.