Пронајдено е хероин при претрес во домот на 42-годишно лице од Тетово.
Од МВР информираат дека вчера во периодот од 14 до 14.50 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес во домот на лицето А.Е.(42) на улица „Илинденска “ во Тетово.
При претресот биле пронајдени хероин, лап топ и рачен часовник, кои биле одземени и дадени на вештачење. А.Е. бил приведен и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.