Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов вели дека Владата има механизам за запирање на блокадата на главниот град од приватните превозници на јавен превоз.Како што појасни во гостувањето во Дневникот на Сител, појасни дека автобусите може насилно да бидат тргнати од улиците, но засега само се следи ситуацијата.
Според него, јавниот превоз со главниот град не смеел да престане.
-Владата има инструмент како да ја тргне блокадата но тој инструмент е насилно да ги тргнеме автобусите од улица. Се анализира состојбата има и елементи за некаков тип забрана. На пример раскрсницата на Црвен Крст директно го попречува одењето на училиште во „Браќа Миладиновци“ што е елемент внесен во законот. Да се истрпат сите можности за разрешување на проблемот па Владата да презема мерки, затоа што веќе не е само облигациониот однос и 1 милион долг кон приватните превозници, имаме раскинување на нивниот договор, тие и да го примат долгот се веќе исклучени од натамошна работа – кажа Пенов.
Протестот, според него, зема се поголем замав и по она како се одвива, не е насочен кон градоначалничката на Скопје и ЈСП или кон целта што ја посочуваат, а тоа е долгот кон нив, туку добива облик на политички протест.
– ЈСП не е загрозен со овој протест, а градоначалничката не е блокирана, туку се блокирани граѓаните. Се прави многу поголема штета отколку што е долгот кон приватните превозници. Во Скопје власт е ВМРО-ДПМНЕ и тие раководат со советот, кој може да се состане и да и наложи решение на градоначалничката. Наместо тоа се оди на полтички памфлети и препукувања на штета на граѓаните – рече Пенов.