Фото: МИА

Од 1 ноември ќе работи когенеративната термоелектрана ТЕ-ТО, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Како што рече Бектеши по средбата со претставници на прехранбената индустрија, топлинска енергија ќе има.

АД ЕСМ во текот на вчерашниот ден произведе 11.569 мегават часови електрична енергија при што во термоелектраните се произведени 8.449, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 3.120 мегават часови. Со тоа АД ЕСМ целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети, информираат од Владата.

Нагласуваат дека производството на електрична енергија во АД ЕСМ за потребите на регулираниот пазар (домаќинства и мали потрошувачи) се одвива непречено во двата блока на РЕК „Битола“ и во Подружницата Енергетика.

– Во РЕК „Битола“ производството е интензивирано заради испадот на РЕК „Осломеј“ каде се санира пукната цевка во котелот, што е најчест дефект во термоелектраните – велат од Владата и додаваат дека РЕК „Осломеј“ треба да биде повторно на мрежа од сабота.