Еден сребрен медал, два бронзени медалa и една олимписка пофалба за македонските ученици на 15. Јуниорска балканска олимпијада по информатика, која се одржува во Дорохои, Романија, информира Здружението на информатичари на Македонија.
Младиот Благој Рујаноски од Прилеп освои сребро, а со бронза се стекнаа учениците Никола Стојковски од Скопје и Дамјан Давков од Штип. Најмалдиот учесник од Македонија, ученикот Владимир Грчев од Кочани доби олимписка пофалба.
Македонскиот тим годинава го предводеа Владислав Бидиков и д-р Миле Јованов од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство како и членови на Здружението на информатичарите на Македонија што е и организатор на учеството на Македонија на олимпијадата.