Здрава храна
Лубеницата, омиленото овошје во лето, освен што е вкусна и освежува, истовремено е и многу здрав плод. Изобилува со витамините А, Ц, Б6, како и со ликопен, калиум, аминокиселини и висок процент на вода. Исто така содржи малку масти и го хидрира нашето тело. Има неколку причини зошто лубеницата треба да биде неизоставен дел од нашата исхрана во овие жешки месеци.
– Лубеницата е извор на важен антиоксидант: ликопенот, кој се наоѓа и во доматите, кајсиите и грејпфрутот, го одржува здравјето на нашето срце и има голем удел во борбата против ракот, односно ја спречува појавата на ракот на дојката или простатата.
– Дејствува исто како вијагра: цитрулинот што го содржи лубеницата ги опушта крвните жили на ист начин како и вијаграта, а дури и ако не успее тоа, одлична е за артериите.
– Содржи многу витамини што се добри за нашиот имунитет, за здравјето на очите и за нашиот мозок.
– Одличен извор е на калиум, кој помага кај функцијата на мускулите и нервите, а заедно со тоа го намалува ризикот од висок крвен притисок.
– Лубеницата содржи дури 92 проценти вода, што е одличен извор на течност во летните топли денови.
– Одличен избор е за оние што се обидуваат да изгубат неколку килограми, бидејќи содржи шеќер, а е речиси безмасна.