Шведскиот и финскиот амбасадор денес официјално ги доставија своите апликации за членство во НАТО до генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
Прифаќајќи ги апликациите во седиштето на НАТО, Столтенберг изјави дека потегот е „историски чекор“ во „критичен момент“ за европската безбедност.
Шефот на НАТО истакна дека Алијансата ќе ја процени кандидатурата за членство што е можно побрзо, но безбедносните интереси на сите сојузници „мора да се земат предвид“
Овие две земји одлучија да аплицираат во НАТО откако се засили воената агресија на Русија врз Украина, тие сметаат дека НАТО им нуди поголема безбедност во непредвидлив период.
До фазата на финализација на нивното членство, Финска и Шведска можат да сметаат на ЕУ за колективна одбрана, доколку дојде до напад од Русија во транзицискиот период. ЕУ располага со член во своите повелби кои ги обврзува другите земји членки на ЕУ да им помогнат на другите во случај на напад, само доколку нападнатата земја тоа го побара.
Со Финска и Шведска бројот на членки на НАТО ќе се искачи на 32.