Вечерва со почеток во 20 часот во кино салата од Центарот за култура во Кичево, ќе биде прикажан филмот „Летечкиот циркус“ копродукциски филм на Македонија и Косово.Режисер на филмот е Фатош Бериша а продуцент Вјоса Бериша.
– „Летечкиот циркус“ е надреалистичка црна комедија базирана на вистински настани. Косово е на работ на војна. „Додона“, мал театар во Приштина е последната јавна установа која е затворена. Четворицата протагонисти младите актери Куштрим, Донат, Фатмир и Леке инспирирани од легендарната британска ТВ серија „Летечкиот циркус на Монти Пајтон“ добиваат покана да настапат на театарски фестивал во Албанија. Немаат патни исправи за преминување на границата,тие првично одлучуваат да не одат но и покрај сите искушенија Фатмир слуша на вестите дека Мајкл Пејлин од екипата на Монти Пајтон ќе снима во Албанија за време на фестивалски денови и тогаш тие не можат да одолеат на идејата да го запознаат својот идол и да отпатуваат за Албанија – се вели во сценариото на филмот, а истакна директорот на Домот на културата Мазлам Османи.
Главните улоги во филмот ги толкуваат Арменд Смајли – Куштрим, Африм Мучај – Донат, Шпетим Селмани – Фатмир и Тристан Халила – Леке. З.А.