Се чисти Дабничкиот канал од населбата Тризла во Прилеп, до мостот кај касарната, а потоа чистењето ќе продолжи и до вливот на каналот во Оревоечка река.

Акцијата за чистење е по налог на Локалната самоуправа, а ја спроведува ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Каналот се чисти со градежни машини, а на одередени делови каде не е возможно машинско чистење, комуналците ќе чистат со рачен работан алат.
Отпадните материјали помешани со мил и тиња ќе се транспортираат до депонијата во
Алинци.

Од „Комуналец“ велат дека не помагаат ниту апелите од комуналците дека сиот отпад си има свое место, но тие и понатаму се оптимисти дека треба и мора да се промени граѓанската свест по однос на отпадот, неговото правилно третирање и одлагање, со цел заштитата на животната средина. И, од Локалната самоуправа, најавуваат почести контроли од комуналните инспектори и комуналните редари, како и ригорозни казни за прекршителите, согласно Закон и Одлуката за комунален ред.

– Останува апелот и молбата граѓаните да се однесуваат совесно спрема животната средина, и уште еднаш се потсетуваат дека отпадот од мебел, теписи, јоги, постели и друга покуќнина, бесплатно ги подига „Комуналец“, и тоа секој четврток со дополнителната линија, но само по претходна најава – посочуваат наделжните.

Исто така, истакнуваат дека различните пластични отпадни предмети: корита, столици, саксии, туби, буриња, гајби, цевки за довод и одвод, пластични ролетни и друго, односно отпадни предмети кои можат да се рецилкираат, да се одлагаат во и до жолтата канта. Должност е на Одделението за селекција на отпад, без оглед на волуменски собраниот отпад да го подигнат од дворовите. За градежениот шут и отпад
од градење на располагање е транспорт со трактор до депонијата во Алинци со соодветни цени.

Инаку, ова е најпроблематичниот дел од Дабничкиот канал, каде несовесни граѓани во каналот истураат секаков вид на отпад, и истиот при поројни дождови ја загадува и Градската река. Ка.М.