Техно

По ажурирањето на софтверот, кое компанијата „Гугл“ го пласира за најновите водечки паметни телефони, корисниците на „пиксел 6“ пријавуваат дека нивните уреди автоматски ги одбиваат дојдовните повици.
Мобилните телефони на „Гугл“ веќе имаа проблем со менувањето на вибрациите за известувањата, кои се менуваа без објаснување, сега имаат уште поголеми тешкотии, бидејќи уредите автоматски и „тивко“ ги одбиваат дојдовните повици, пренасочувајќи го повикувачот директно на говорната пошта.

Гледајќи го повикот, корисниците забележуваат дека дојдовниот повик бил „отфрлен“, но мобилниот всушност не заѕвонил. Сите корисници со овој проблем тврдат дека немаат поставка „Не вознемирувај“ или друга активна опција што може да ги блокира повиците.
Засега нема друг начин да се реши овој проблем освен ресетирање на мобилниот телефон. На такви проблеми главно се жалат корисниците на „пиксел 6“ и „пиксел 6 про“, но проблеми имаат и оние што поседуваат постари уреди „пиксел“ до моделите „2ХЛ“.