Од неврохирургија во комплексот клиники „Мајка Тереза“, синоќа во 21 часот било пријавено во полиција дека пациентот Б.З.(62) од Свети Николе, со тврди предмети кои ги нашол во собата, фрлал кон пациентот С.В.(66) од село Колари, Kичевско.
Потоа, болничарот Н.Б.(23) влегол во собата со цел да ја смири ситуацијата, но Б.З. и кон него почнал да фрла предмети, по што го отворил прозорецот и скокнал, по што се здобил со тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.
Останатите двајца се здобиле со телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот.