Емотивна порака на братот на починатиот ракометар на Бутел
Борис Тот, со емотивна порака се прости од неговиот брат Денис Тот кој денес почина на клиниките во Скопје.
Хрватскиот ракометар и член на Бутел почина на 27-годишна возраст под сé уште неразјаснети околности.
– Прерано нѐ напушти, драг мој почивај во мир. Ништо нема да биде исто без тебе – напиша на Борис Тот на Фејсбук.
Сочувство до семејството по повод смртта на Денис Хот изразуваат голем број македонски, хрватски, како и клубови и ракометари од целиот регион.