Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговиот украински колега Владимир Зеленски се договорија Турција да ги пренесе ранетите и загинатите од нападите на руската армија во Мариупол, објави Т24, цитирајќи изјава на украинскиот претседател.
– Турција е подготвена да ги пренесе ранетите и загинатите од Бердјанск со брод, бидејќи е невозможно да се приближи до Мариупол од безбедносни причини. Затоа ранетите и загинатите мора прво да се однесат во Бердјанск. Ситуацијата во Мариупол е една од најтешките“. Турција посредува во оваа специјална мисија. Разговарав со Ердоган, Ердоган разговараше со Путин. Сега се зависи од одобрувањето на Путин – рече Зеленски.
Деновиве турскиот министер за одбрана Хулуси Акар изјави дека Анкара е подготвена да обезбеди брод за транспорт на ранетите украински граѓани и загинатите во Мариупол. Тој нагласи дека за ова прашање се преговара со руските и украинските власти.