„Ланксес арената“ каде што ќе се игра фајнајфорот

Ун­гар­ски Вес­прем во но­ка­ут-фа­за­та ќе игра про­тив ма­ке­дон­ски­от прет­став­ник Вар­дар

РАКОМЕТ – ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ

Ракометарите на унгарски Веспрем во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите (ЛШ) го совладаа француски ПСЖ на гости, со 40-39, во дербито на колото и со тоа го освоиja четвртото место во групата Б, а во нокаут-фазата ќе играат против македонскиот претставник Вардар. Ако Вардар го мине Веспрем, во четврт-финалето ќе игра со Алборг.
Актуелниот европски шампион, шпанска Барселона не дозволи изненадување пред своите гледачи и во последното коло од групната фаза со 29-22 го надигра германски Фленсбург, со што го освои второто место во групата, кое, пак, носи директен пласман во четврт-финалето.

Екипите на дански Алборг и на германски Кил од групата А и полски Киелце и Барселона од групата Б, обезбедија директен пласман во четврт-финалето, додека Вардар, унгарски Сегед, француски Монпелје, норвешки Елверум, ПСЖ, Веспрем, португалски Порто и Фленсбург ќе играат во осминафиналето. Осминафиналните натпревари се закажани за 30/31 март и 6/7 април.


Осминафинални двојки

Фленсбург – Сегед
Елверум – ПСЖ
Порто – Монпелје
Вардар – Веспрем