Еден меч во НБА-лигата просечно трае 2,5 часа, иако во некои случаи, главно поради продолженијата, тие достигнуваат време и до три часа

КОШАРКА

Кошарката е еден од највозбудливите спортови, но и еден од најдолгите, особено во НБА-лигата, иако е тешко да се каже точното времетраење на еден меч. Важно е да се разјасни дека должината на еден натпревар во НБА не е иста со должината на дуелите во Женската национална кошаркарска асоцијација (ВНБА), Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) и Националната колеџ-асоцијација (НЦАА). Во ВНБА, натпреварите се играат во две полувремиња од по 20 минути, со вкупно времетраење од 40 минути. Во ФИБА се играат во текот на четири четвртини во траење од по 10 минути или вкупно 40 минути, со пет минути продолженија (доколку е потребно). Во НЦАА игрите за мажи се 40 минути, поделени на две полувремиња од по 20 минути, додека женските мечеви се со четири четвртини од по 10 минути.

Но колку траат натпреварите во НБА во минути? Секој кошаркарски меч во НБА-лигата се игра во четири четвртини од по 12 минути или вкупно 48. Но на тоа време мора да се додаде и полувремето, кое трае 15 минути, како и постојаните паузи во текот на играта поради фаулите, повредите и слободните фрлања. Не може да се заборават ни тајмаутите што ги има секоја екипа до седум по натпревар. Тајмаутите во НБА се во должина од 75 секунди од сезоната 2017-2018, менувајќи го форматот на кратките и долгите тајмаути претходно имплементирани. Накратко, еден меч во НБА просечно трае 2,5 часа, иако во некои случаи, главно поради продолженијата, може да се игра и до три часа.
Најдолгиот НБА-натпревар се одржал на 6 јануари 1951 година помеѓу Индијанаполис и Рочестер во арената „Еџертон Парк“ во Рочестер, Њујорк. Времето на активната игра било 78 минути, а Индијанаполис го добил натпреварот со 75-73, вклучувајќи и шест продолженија, со што влезе во Гинисовата книга на рекорди.