Сребрен медал со време на нов национален рекорд освои македонскиот атлетичар Дарио Ивановски во трката на 3.000 метри на Балканското сениорско првенство во сала чиј домаќин денеска е Истанбул -пренесе МИА.
Ивановски мина втор низ целта со резултат 7:58.48, зад новиот балкански шампион Вид Ботолин од Словенија, додека бронзата му припадна на Турчинот Мурат Емектар.
Претходно, денеска на Балканското првенство во Истанбул со бронзен медал се закити Андреас Трајковски во скок во далечина со резултат 7.62 см.