Грешките во Преспанскиот договор не можат да се излечат, кажа грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за грчката телевизија „Антена“, додавајќи дека Грција сега се стреми кон добри односи со Македонија.
Тој истакна дека треба да почне пристапниот процес на Македонија во Европската Унија, бидејќи преку тоа Грција „ќе има можност да притисне за спроведување на договорот“, нагласувајќи дека е доследен во однос на ставовите за спогодбата истакнати пред неговата партија Нова демократија да дојде на власт.