Босна и Херцеговина
Во Босна и Херцеговина тутунските производи ги користат речиси милион луѓе, од околу 3,5 милиони жители, а земјата по бројот на пушачи на европско ниво е втора во Европа.
Ова, меѓу другото, го наведува извештајот на Светската здравствена организација (СЗО) од 2020 година, во кој се посочува дека земјите од Балканот се меѓу првите во Европа по бројот на пушачи и консументи на тутун. Иако БиХ пред 12 години ја потпиша Рамковната конвенција на СЗО, која предвидува сеопфатни мерки што можат да придонесат за намалување на распространетоста на пушењето, сепак државата е лидер во пушење, како во регионот така и во Европа. Проф. д-р Аида Рамиќ Чатак, координаторка за контрола на тутунот во Федерацијата БиХ, вели дека земјата моментално е во пандемија на коронавирус, но и на вирус на пушење цигари.
– Светската здравствена организација и Европскиот центар за контрола и превенција на болести предупредуваат дека пушењето е индивидуален фактор поврзан со оштетување на здравјето, односно дека пушачите се една од најчувствителните групи за тешки клинички слики на ковид-19 – вели Рамиќ Чатак.
Сепак и покрај тоа, но и смената на некои од законите за пушење во земјата на јавното место, граѓаните не се одвикнале од оваа лоша навика ниту минатата година. Според Рамиќ Чатак, ваквата лоша навика, која им штети на здравјето на граѓаните, многу веројатно ќе продолжи и во оваа година.
Подготви: Дејан Србиновски