Првото бебе во 2022 година на Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје се роди една минута по полноќ.
-Бебето е од машки пол, тешко е 3 килограми и 70 грама и е долго 50 сантиметри. Мајка на бебето е Сузана Стошиќ, родена 1981 година во Скопје – информираат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.
Утрово министерот за здравство Венко Филипче и директорката на ГАК, Викторија Јовановска информираа дека првото бебе родено годинава е машко, четврто во семејството на Сузана и Горан Стошиќ. Родено е во првата минута по полноќ, има 3.070 грама, а 50 сантиметри е долго. Една минута потоа родено е уште едно бебе, женско, прво бебе на мајката Симона Петреска. Тешко е 3.050 грама, а долго исто така 50 сантиметри. Утрово околу пет часот во ковид центарот се роди уште едно бебе.
-Мајката е позитивна, но и мајката и бебето се добри – кажа министерот за здравство Венко Филипче.
Според директорката на ГАК, претходните случувања биле најава дека годината ќе ни биде одлична.
-По ова како ја поминавме ноќта се се чини дека годината ќе ни биде одлична. Сите деца се добри, вклучувајки го и тоа во ковид-центарот. Првото бебе е породено спонтано, а второто е со царски. Во ковид-одделот е само една пациентка која се породи ноќеска, бебето е машко и тешко е 2.440 грама – рече Јовановска.
Фото: Фејсбук/Венко Филипче